Нашата работа
Нивоа на активност:
ФОПСМ е активна на локално, национално и интернационално ниво, зависно од конкретната активност.
- На локално ниво најголемиот дел од активностите во кои учествува ФОПСМ се имплементираат од страна на регионалните здруженија (обуки, консултански услуги, работилници и т.н.). И покрај нивниот регионален карактер овие активности често се организираат под покровителство на ФОПСМ додека учество земаат и претставници од други здруженија или региони кои присуствуваат или учествуваат во обуките, консултациите и размената на искуства.
- Како препознатлива и почитувана организација на национално ниво, ФОПСМ ефикасно ги претставува интересите на производителите на органски производи и претставниците на органското движење во целина пред институциите, медиумите и јавноста.
ФОПСМ делува како обединет глас на производителите на органски производи во Македонија. Членовите на ФОПСМ варираат од индивидуални производители, преку фамилијарни фарми и бизниси до големи компании.
ФОПСМ го поддржува и учествува во припремата и публикувањето на технички и промотивни материјали за органското производство. Претставници на ФОПСМ учествуваат во различни комисии и работни групи формирани од надлежните институции, коишто работат на политики и лагислатива поврзана со органското производство или се поврзани со прашања релевантни за органското движење. ФОПСМ врши мониторинг и ги информира сите чинители преку својот интернет портал за промени во националната и ЕУ легислативата кои можат да влијаат на органското движење во Македонија.
- На интернационално ниво ФОПСМ е активна и го поддржува претставувањето на македонските органски производи. Обезбедуваме поддршка во организирање на студиски патувања, настап на саеми и манифестации. ФОПСМ учествува и придонесува во реализацијата на интернационални проекти и активности.
- Членови
- Контакт
- Галерија
