Корисни факти од органското производство
Некои важни бенефиции за органски фармери и органска храна на потрошувачите:
малите земјоделци и нивните заедници имаат големи познавања за земјделството. Поголемиот дел од овa знаeњe се однесуваат на минатото кога нивните предци го применувале традиционални и природни начини на земјоделството.
Органското земјоделство не е нов метод. Тоа датира години наназад, кога секое семејство поседувало своја земја на која одгледувале култури и имале производство на храна за лични потреби. Комерцијалното земјоделство кое применува хемиски ѓубрива се појавило во минатиот век. Само пред едно столетие не постоеше интензивнo земјоделство, ниту пак хемиска индустрија која произведува вештачки ѓубрива.
Органското земјоделство во основа користи неколку практики, а тоа се:
- Плодоредот како предуслов за ефикасна употреба на ресурсите на лице место
- Не применува вештачки ѓубрива и синтетички пестициди
- Има многу строги ограничувања во примената на антибиотици кај добитокот и примената на адитиви и конзерванси во храната
- Апсолутна забрана за употребата на генетски модифицирани организми
- Ги искористува предностите од локалните ресурси, преку замена на вештачкото ѓубриво со природното, и користење на здрава храна произведена на самата фарма
- Органското земјоделство дава предност на растителни и животински видови кои се потпорни на болести и прилагодливи на локалните климатски услови
- Органското земјоделство бара одгледување на добитокот во отворени простори и неговата исхрана ја базира на органска храна
- Органското земјоделство применува сточарски практики адекватни на различните видови на добиток
Органското земјоделство не одобрува употреба на антибиотици во храната за добиток, што е рутина во конвенционалното земјоделство иако е познато дека тоа може да има опасни последици.
Секој пат кога купувате органски производи бидете сигурни дека тие се произведени по строги правила кои ја заштитуваат и почитуваат животната средина и живиот свет.
Со елиминирањето на загадувачките хемикалии, преку почвата, се заштитуваат водните ресурси. Органското земјоделство ги намалува токсините и загадувачите кои ја контаминираат нашата вода, почва и воздухот.
Почвата е основата на синџирот на исхрана и затоа таа е во примарен фокус на Органското земјоделство.
Моментално се соочуваме со најголемата појава на почвена ерозија досега, предизвикана од модерното земјоделство кое практикува интензивнa употреба на хемикалии врз почвата.
Органското земјоделство се стреми да одржи рамнотежа неопходна за здрав екосистем.
Изумирањето на голем број видови е еден од нашите најважни еколошки проблеми. Многу органски земјоделци со децении, собираат и зачувуваат стари семиња и одгледуваат невообичаени сорти.
Органското земјоделство е добро за животната средина, подобро за бизнисот, има поголема енергетска ефикасност и повкусни производи.
Органското земјоделство ги одржува руралните заедници витални. Тоа може да биде еден од начините за опстанок на една фамилијарна фарма и одржување на руралните заедници. Зголемување на побарувачката на органски производи од руралните заедници дополнително ќе ја зајакне нивната финансиска состојба.
Вештачкото ѓубриво кое се користи во конвенционалните култури предизвикува убрзан раст и зголемена количина на вода во производите. Врз основа на волуменот на плодот, органската храна има повеќе "сува материја". Токму поради ова органското производство има поголема нутритивна и енергетска вредност.
Генетските модифицирани организми (ГМO) и нивните делови не се дозволени во органското производство.
Цената на органската храна може да е повисока од онаа на конвенционалната храна, бидејќи ја одразува вистинската цена на одгледување на храна преку замената на интензивенa употреба на хемикалии со труд, индирекните здраствени и еколошки трошоци кои се на товар на општеството. Овие трошоци вклучуваат чистење на загадената вода и санација на контаминацијата од пестициди.
Постојат докази дека ако се вметнат сите индиректни трошоци на конвенционалното производство на храна, цената ќе се изедначи со цената на органската храна, или уште поверојатно, органската ќе биде поевтина од конвенционалната храна.
Органски произведената храна мора да ги исполнува строгите правила согласно законскте одредби кои не важат за конвенционалните храна.
Интензивната употреба на работна сила коja се користи во органското производство се најчесто (иако не секогаш) поскапи од рутинската употреба на хемикалии на конвенционалните фарми.
Цената, сепак, е многу зависна од местото на продажба и изборот на потрошувачот. Сепак, можно е да се консумира органската храна и да се применува ваквата исхрана со умерени цени преку директно набавување на производите од самите земјоделци, во места како што се зелените пазари.
Истражувачите откриле дека со примена на органски земјоделски методи, конвенционалните земјоделци всушност можат да ја намалат цената на нивните производи за повеќе од 25%. Тоа може да се постигне со елиминирање на користењето на синтетички ѓубрива и пестициди, со што пак ќе се минимизира ерозија на почвата и до 50% и ќе се зголемат приносите во рок од пет години.
Органското производство има потенцијал да произведува приноси со квантитативно целосно совпаѓање со приносите на конвенционалните култури. Производителите, кои поминуваат преку 3-годишен транзициски период од конвенционалното кон органско управување обично искустваат почетно намалување на приносите, се додека микробите од почвата не се стабилизираат и целиот енергетски циклус не се доведе во ред, од која точка па понатаму приносите се доведуваат до претходното ниво.
Органските производи имаат повисока премија и предност при продажба - цените на органската храна обично се 20-30% повисоки од цените на конвенционалната храна. Ова би значело повисока премија и подобар приход за малите земјоделци, од кои многумина се уште се борат да постигнат подобарa ликвидност од своите фарми. Дури и ако не се постигне повисока премија, кога потрошувачите купуваат храна секогаш ја бираат органската пред конвенционалната.
Без оглед на производите кои ce произведуваат, добро смислена стратегија за преод може да им овозможи на конвенционалните земјоделци, преку употребата на ефективни органски практики да преминат во органски производители за три до пет години.
Органските фарми поддржуваат постоење на значително повисоки нивоа на биолошка разновидност, особено во низините, кога животните можат да се шетаат или да пасат на пасишта. Не само што дивиот свет има корист, туку и цели екосистеми, како и системите на подземните води се подобруваат со едноставнa примена на органски земјоделски методи.
Органските сточарски практики не се само од корист за земјоделците и потрошувачите, туку и за целиот животински свет. Кога животните пасат на органски пасишта се хранат со органска храна, тогаш и тие се со подобро здравје, има помалку болести, и во крајна линија даваат поквалитетно млеко, јајца и месо.
Органски одгледуваните производи не содржат штетни хемикалии, вештачки ароми и конзерванси.
Консумирањето на органска храна го намалува ризикот од инфаркти, мозочни удари и рак.
Побарувачката за органски одгледувана храна е во континуиран пораст. Продажбата на органски производи во моментот е сектор со најбрз раст во земјоделството. Продажбата во текот на последните 6 години продолжува да расте со над 20% годишно.
Во текот на наредните 10 години аналитичарите предвидуваат продажбата на органски производи на светско ниво да надмине 100 милијарди долари. Порастот најмногу ќе се забележи во САД, Јапонија и низ Европа. (Извор - IFOAM, Меѓународната федерација на органско земјоделско Движење)
Илјадници корпорации се насочуваат кон барањата на потрошувачите со додавање на органската храна на нивните производни линии. Корпорациите како Луфтханза, Ер Швајцарија и Нестле започнаa со позиционирање на нивните производи и услуги кон потрошувачите на органски производи, дури и McDonalds започна со воведување на органско млеко во Шведска.
Доколку производот e под органска сертификација, можете да бидете сигурни дека не содржи ГМО (генетски модифицирани организми).
Се проценува дека конвенционалните земјоделци користат повеќе од 300 различни пестициди во процесот на производст во на неорганскa храна.
Органското земјоделство вообичаено не подразбира високи капитални инвестиции како што е неопходно во конвенционалното земјоделство.
Cо оглед на тоа што поголемиот број од органските ѓубрива и пестициди, може да се произведуваат на локално ниво, годишните трошоци направени од страна на земјоделецот се исто така ниски.
Земјоделството во голема мера зависи и од надворешни фактори како што се климатските услови, штетни инсекти и болести. Дополнително, повеќето од малите фармери се зависни од природниот дожд за наводнување. Затоа во случај на природни катастрофа, напад од штетници или болест, и нередовна врнежи од дожд, кога има уништување на посевите, малите земјоделци кои практикуваат органско земјоделство трпат помала штета, согласно со нивните пониски инвестиции.
Малите земјоделци и нивните заедници имаат изобилство на традиционални знаења. Поголемиот дел од ова традиционални знаeњa не може да се користат во конвенционалното земјоделство. Кога станува збор за органско земјоделство, земјоделците можат да ги користат традиционалните знаења.
Во случај на органското земјоделство, малите земјоделци не се зависни од оние кои обезбедуваат хемикалии.
Нутритивната вредност на храната во голема мера е зависи на содржливите витамини и минерали. Во оваа смисла, органски одгледуваната храна содржи поголем процент на минерални материи во споредба со конвенционално одгледаната храна.
Поради тоа што го поттикнува животот во почвата, органското земјоделство исто така ги жнее придобивките од полесниот пристап на растенијата до хранливите материи од почвата.
Голема корист за потрошувачите на органска храна е тоа што се ослободени од контаминација со хемикалии кои му штетат на здравјето, како што пестициди, фунгициди и хербициди.
Кај населението во индустријализираните општества кое се храни со конвенционална храна, има нагорен тренд на болести поврзани со изложеност на токсични хемикалии.
Органски одгледаните растенија имаат поправилна клеточна и метаболитичка структура, во однос на оние кои се одгледуваат конвенционално. Како резултат на тоа, органски одгледуваната храна е поотпорна на мувла и гнилеж и може подолго да се чува.
Органски одгледаните растенија во правилно избалансирана почвата е отпорна на повеќето болести и штетни инсекти и полесно се справува со присатните плевели.
Бидејќи хемиските ѓубрива се растворливи, растенијата се принудени да ги апсорбираат секој пат кога имаат потреба од вода. Тие имаат добар раст додека водата е лесно достапна. Штом водата e во ограничени количини, клетките на хемиски хранетите растенија не се во состојба осмотски да привлечат доволно вода за одржување на безбедно разредување на растворливите минерални соли. Тие за кратко постигнуваат токсични концентрации, при што растението го прекинува својот развој и раст, венее и има многу краток животен век.
Органското земјоделство го поттикнува производство на храна без уништување на еколошките ресурси, обезбедувајќи одржливост не само за сегашните туку и за идните генерации.
Органските производители не користат генетски модифицирани култури. Конвенционалните производители, од друга страна, пак, имаат слобода да "ги користат" генетски модифицираните култури.
Има загрижувачки индикации дека ГМО сепак може да му наштети како на човековото здравје така и на животната средина. Главната загриженост е дека откако тие ќе бидат ослободени ќе биде невозможно повторно да се врата назад.
Органското земјоделство бара поголема интеракција (набљудување, навремена интервенција и контрола на плевелот) меѓу еден фармер и неговата култура.
Синтетичките препарати врз кои е засновано целото конвенционално земјоделство се скапи за производство. Денес вложената енергија во индустриско земјоделство троши 9 калории за секоја 1 калорија вградена во храната која ја произведува!
Органското земјоделие произведува помали емисии на стакленички гасови и значително помалку влијае на промените на климатските услови.
Секоја година фармерите во македонија употребуваат илјадници тони фосфатни и азотни ѓубрива на нивните обработливи површини. Бидејќи се растворливи, голем дел од овие ѓубрива од културите се слеваат директно во почвата каде наоѓаат лесен пат до подземните води (особено кога зборуваме за фосфатните и нитратните ѓубрива).
Синтетичките супстанци наменети за индустриското земјоделство најчесто се деривати на нафтата и со тоа претставуваат извор на ендокрин- штетна материја за нашата животна средина. Дури и најбезбедните хербициди како што се гликофосфатите (второто најшироко употребувано средство), се познати како штетни за водните екосистеми.
Органското земјоделие се однесува на земјоделство во кое нема употреба на хемиски ѓубрива и пестициди. Многу мали земјоделци практикуваат органско земјоделие, но се додека тие не станат свесни за нивните можности на пазарот, не извршат верификација на процесот преку соодветна сертификација нема да бидат во можност да ги искористат придобивките од оваа земјоделска практика.
Кога зборуваме за органска храна не станува збор само за етикета. Тоа претставува методи за одгледување и методи за производство на храна, методи кои се грижат за општото добро на целиот животински и растителен свет како и за поздрав живот на човекот.
Со купувањето на органска храна вие помагате во поддршката на одржлив систем кој ви служи вам, на земјоделецот, на животните кои живеат на органските фарми.
Органските земјоделци не користат хербициди, наместо тоа ти се потпираат плодоредот, добро темпирана култивација, рачно или механичко отстранување на плевелот и внимателен избор на културите.
Благосостојбата на животните е еден од клучните принципи на органското земјоделство и нивната благосостојба е пропишана во правилата и процедурите кои задолжително мора да се следат.
Наместо антибиотици органските фармери се трудат да користат холистички методи секогаш кога е можно. Меѓутоа, благосотојбата на животното секогаш е главна грижа. Затоа во тешки случаи при совет од ветеринар, со цел да се сопре или да се намали страдањето на животното антибиотиците можат да се употребат. Додека се употребуваат антибиотиците и потоа, производите добиени од тоа животно не смеат да се продаваат како органски. Периодот на чекање по употреба на антибиотици трае два пати подолго отколку периодот на препишан од страна на производителот на лекот кој е апликативен за конвенционалното производство. Доколку антибиотик се аплицира повеќе од двапати во годината, животните се исклучуваат од сертификацијата.
Цената на органска храна е повисока заради повеќе добри причини. Најпрвин заради поинтезивната употреба на работна сила, насадите на културите се засадуваат и одгледуваат во поретка густина во парцелаите. Постои и иницијален трошок за сертификација кој дополнително ја оптеретува цената, особено кај малите производители.
Органското земјоделие е единствениот систем кој следи и почитува законски регулативи за употреба на придавката органско. Секој кој го нарекува својот производ органски мора да биде проверен и сертифициран од сертификациско тело. Кога се сертифицирани, производите добиваат сертификациски број кој e истакнат на етикетата. Секој кој тврди дека нуди органски производ а не поседува валиден сертифакат, го крши законот и ги става потрошувачите во заблуда. Увезените производи се означени со ознака за обележување органски производи од земјата на производство, но увозот мора да биде под надзор на македонско сертификациско тело.
МЗШВ и сертификациските тела се одговорни инститиуции обезбедуваат дека сите законски регулативи за органско земјоделие се задоволени. Производителите на органски производи се контролираат најмалку еднаш годишно за да се обезбеди увид во нивната усогласеност со правилата на производство.
- Членови
- Контакт
- Галерија
